За нас

За нас

Online Deutsch-Markov е регистрирана самостојна дејност со ЕДБ 145/194/51787 во Минхен. Фокусот на Online Deutsch-Markov се состои во изведување на интерактивна настава, ученик-наставник со примена на аудиодидактички и метедолошки принципи. Интерактивната настава се изведува на професионалната онлајн Moodle платформа и се користи конференциски софтвер Webex. Истата може да се следи на германски или гермаснкo/македонски јазик.

Online Deutsch-Markov нуди курсеви според Европската референтна рамка за јазици за А1, А2, B1, B2, C1, специјализирани курсеви за медицинари, подготвителна настава на меѓународни испити по германски јазик, како и курсеви по конверзација и граматика.

Online Deutsch-Markov е основана од дипл. проф. по Германски јазик и литература со долгогодишно работно искуство како професор по германски јазик за возрасни и деца.

Од Ноември 2015 вработен во рефератот за образование и спорт во Минхен со повеќегодишно работно искуство во образование и воспитане на ученици од 1. – 4. одделение како и со деца од предучилишна возраст.

Од декември 2022 заменик директор во образовна педагошка институција за деца до предучилишна возраст.


Вашиот ментор Трајче Марков

Образование:

– Филолошки факултет „Блаже Конески„ – Скопје, катедра за германски јазик и литература. Тема на дипломски труд: „Сингуларија тантум и плураија тантум во германскиот и македонскиот јазик„.
– Државна академија за социјална педагогија во Минхен, насока Воспитување. Стручен труд на тема: „Јакнење на јазичната компетанција врз основа на „Грифело„ кај деца од 4 год.

Пракса:

– Интерграциона градинка „Монтесори“ – Минхен ( Сепември 2014 – Октомври 2015)

Дообразување во центарот за образование во Геретсрид:

– Politische Bildung (Март 2015)

Дообразување на педагошкиот институт во Минхен:

– Зборовна култура: професионална комуникција со родители, деца и во тим (Јули 2016)
– Домашни задачи: Радост или фрустација? (Октомври 2016)
– Јога за деца (Јануари 2017)
– Прирачник за справување со сексуално насилство (Април 2017)
– Прва помош во образовните установи за деца (Мај 2017)
– Јога за деца (напредно ниво) (Декември 2017)
– Воспитување на деца во основото образование (Април 2018)
– Музика и јога за деца (основен курс) (Март 2019)
– Потполнувањето на формулари за набљудување? (Април 2019)

Доквалификација – специјалист за развојот на квлитетот и сигурноста во работата

– Модул 1: Основи на развојот на квалитетот на работа и модерација (Јануари 2022)
– Модул 2: Анализа на моменталниот статус, цели и мерки (Март 2022)
– Модул 3: Процеси, рефлексија и документација (Мај 2022)
– Модул 4: Евулација и модерација 2 (Јули 2022)
– Модул 5: Рефлексија 2 и заклучок (Октомври 2022)

mk_MK